Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 8

:
Macedonian - 2006
1 Што се однесува, пак, до месото клано за идоли, мислам дека сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува.
2 Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште не осознал како треба да знае.
3 Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава.
4 А по однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот.
5 Зашто, макар и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу „богови“ и многу „господари“,
6 сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ и ние сме преку Него.
7 Но тоа знаење го нема секој: некои според досегашната навика за идолите, го јадат месото на жртвите идолски, а совеста нивна им се осквернува бидејќи е нејака.
8 Храната не нѐ приближува кон Бога. Ниту добиваме нешто ако јадеме, ниту нешто губиме ако не јадеме.
9 Но пазете, пак, таа ваша слобода да не стане на некој начин спрепка за сла­бите.
10 Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли него­ва­та совест, бидејќи е нејак, да биде поттикната да јаде идолски жртви?
11 И покрај твоето знаење ќе пропадне нејакиот, братот за кого умрел Христос.
12 И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христос.
13 Затоа, штом храната го соблазнува мо­јот брат, тогаш нема никогаш да ја­дам месо, за да не го соблазнувам својот брат.